
Тајната на добриот појадок е причината за неверојатниот подем на Никола Јокиќ, кој постигна вкупно 90 поени во само 48 часа (35 против Сакраменто и 55 против Клиперс).
По неверојатниот натпревар во Лос Анџелес, центарот на Денвер беше запрашан како успева да биде толку свеж во мечеви што се играат еден по друг ден. „Станувам, добро појадувам, одмарам малку… повторно јадам, се загревам и тоа е тоа“, рече Јокиќ.
Кога се обиделе да дознаат што точно јаде, тој скромно додал: „Многу работи. Авокадо тост, овесни, јајца… Ух, не знам што уште, ха-ха.“
Нема повеќе бурек и Кока-Кола
Овој одговор ги насмеал новинарите, а дел од нив потсетиле дека некогаш Јокиќ утрата ги започнувал со „бурек и кока-кола“. Денес неговата исхрана е дел од професионалниот режим што го држи на врвот на НБА.
Во еден постар разговор, Јокиќ открил дека појадокот му е најважниот оброк во денот: „Кајгана од пет јајца, со сланина, шунка и спанаќ. Потоа овесна каша со ореви, бадеми, боровинки и мед. И шејк со банана… Тоа е околу 5.000 калории“, рекол тој тогаш.
Повеќе од само храна – победата е најважна
И покрај 90 поени за два дена, Јокиќ не покажал еуфорија. „Не размислував за тоа колку поени ќе дадам. Победата е најважна. Повеќепати сум постигнувал 50 и сме губеле, така што ова ми е прва победа со толку поени“, истакна Јокиќ.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден







