
Полициска рација во Струга: Уапсени четири странски државјанки со нелегален престој и дрога
Вчера околу 7 часот наутро, криминалистичката полиција во Струга упаднала во сместувачки објект каде затекнала четири странски државјанки – три од Бразил и една од Перу – кои имале нелегален престој во земјата.
-
La Linea v4
699 ден
524.25 ден
При претресот, извршен со судска наредба, полицијата пронашла и одзела марихуана, дробилка и други предмети поврзани со употреба на дрога.
Повеќе од само дрога – прекршок по Законот за странци
Од СВР Охрид информираат дека во акцијата е уапсена 27-годишната А.Б.Т.Г.С. од Бразил, а приведени биле и нејзините сонароднички Ј.Т.А.С. (23) и Р.Ц.С. (23), како и 20-годишната Н.О.Ц. од Перу.
Според полицијата, девојките престојувале во земјава без соодветна дозвола, со што сториле прекршоци по член 147 и член 23 од Законот за странци. По завршување на истрагата, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.


