
„Непоканети гости“: Вучиќ одбива средба со делегацијата на Европскиот парламент
Српскиот претседател Александар Вучиќ испрати остра порака од Абу Даби по повод најавената посета на делегацијата на Европскиот парламент. „Никој не ги покани, тие самите одлучија да дојдат. Не ми паѓа на памет да губам време и да се сретнам со Пицула“, изјави Вучиќ, нагласувајќи дека во тој период (22-24 јануари) веќе има закажани обврски во Давос.
И Брнабиќ ги „откачи“: Белград ги игнорира европратениците
-
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден
Вучиќ беше дециден дека има време само за оние што ѝ мислат добро на Србија, но дека „не сака да ги види“ овие претставници. Истиот став го дели и претседателката на Собранието, Ана Брнабиќ, која најави дека нема да се сретне со нив бидејќи во тој период патува за Естонија, потврдувајќи дека делегацијата доаѓа во Белград без официјална покана.


