
„Крај за шампањот во Москва“: Шведска бара ЕУ целосно да ги отсече руската елита и нафтената флота
Шведска започна нова, агресивна дипломатска офанзива во Брисел, барајќи од Европската Унија драстично заострување на казнената политика кон Кремљ. Во пресрет на јубилејниот 20-ти пакет санкции, шведската министерка за надворешни работи, Марија Малмер Стенегард, на престижната безбедносна конференција во Сален, порача дека времето за „меки мерки“ е поминато. Нејзиниот план вклучува три клучни удари: целосна блокада на руската „сенка-флота“, ембарго на руските ѓубрива и крај на луксузниот живот за руската елита.
Битка за Балтикот: Удар врз „Сенка-флотата“
-
La Linea v14
699 ден
524.25 ден
Најсериозниот дел од шведскиот предлог се однесува на таканаречената „флота во сенка“ – стотици стари, неосигурани танкери кои Русија ги користи за да ја заобиколи ценовната граница на нафтата поставена од Г7. Овие бродови, кои често пловат низ Балтичкото Море, претставуваат огромна еколошка закана за Шведска и Финска.
„Притисокот мора да биде максимален. Не зборуваме само за забрана за увоз, туку за целосна услужна блокада,“ појасни Стенегард. Тоа значи дека на европските компании ќе им биде строго забрането да нудат каква било логостика за овие бродови:
- Без осигурување: Руските танкери да останат без покритие од европските осигурителни гиганти.
- Без поправки и сервис: Забрана за пристап до европските пристаништа и бродоградилишта.
- Без претовар (Ship-to-ship): Спречување на праксата на префрлање нафта од еден на друг брод во отворено море за да се прикрие потеклото.
„Ме иритира што пијат француски вина додека Украина гори“
Во делот кој предизвика најмногу реакции, Стенегард го адресираше психолошкиот и социјалниот аспект на санкциите. И покрај досегашните ограничувања, руските олигарси и високата класа во Москва сè уште наоѓаат начини да уживаат во европскиот луксуз преку трети земји.
„Искрено, ме иритира фактот што богатите руски потрошувачи сè уште можат лежерно да носат скапа италијанска мода и да пијат фини француски вина, како ништо да не се случува,“ изјави таа. Шведска бара затворање на сите „дупки“ во регулативата кои дозволуваат проток на луксузни стоки, со цел елитата во Москва директно да ги почувствува последиците од изолацијата.
Табу темата: Руското ѓубриво
Третата точка е можеби економски најболната за самата Европа. Шведска бара санкции за руското ѓубриво, кое досега беше поштедено поради страв од глобална криза со храна. Русија покрива една четвртина од увозот на ѓубрива во ЕУ и еден е од најголемите светски производители (над 20%). Сепак, Стокхолм смета дека приходите од овој сектор директно ја финансираат воената машинерија и дека Европа мора да најде алтернативни извори, дури и по цена на поскапо земјоделско производство.


