во ,

Ништо лиске, еве пишувам докторат….

Си седел зајко во шумата и си пишувал нешто. Прошла лисицата па го прашала:

– Што правиш зајко?

Реклама

– Ништо лиске, еве пишувам докторат.

– А, која ти е темата на докторатот?

– Темата ми е „Како да одереш лисица“

– А, па зајко не може така. Дојди ајде до грмушката да ти објаснам нешто.

Од грмушката се слушале чудни звуци, викање и после 5 минути излегува зајакот, се тресе и продолжува да си пишува. После 10 минути поминал волкот и го прашува што прави.

– Ништо волчко еве пишувам докторат.

– А, која ти е темата на докторатот?

– Темата ми е „Како да одереш волк“.

– А, па зајко не може така. Ајде до грмушките да ти објаснам јас тебе нешто.

Од грмушките повторно се слушало викање и после 3 минути излегле гушнати зајакот и мечката.

Му вика мечката на зајакот:

– Гледаш зајко, не е важно која ти е темата за докторатот. Важно е кој ти е ментор!


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

5 Неверојатни совети за жените за среќен живот

21 Лице кои ја добија не само куќата туку и сите нејзини тајни