во ,

Нова мерка што „боли“: одземање возило за возење без дозвола и екстремна брзина

Сообраќајните правила добиваат нова, најостра „црвена линија“, ако седнете зад волан без право да возите или дивеете со екстремна брзина, може да останете без возилото.

Од 1 февруари 2026 година стапија во сила законски измени со кои се воведува мерка одземање на моторно возило за лица што управуваат без стекнато право на возачка дозвола. Според решенијата, одземањето се применува кога лицето вози без дозвола и со тоа ќе стори кривично дело против безбедноста на јавниот сообраќај, при што возилото со кое е сторено делото ќе биде одземено ако е во сопственост на сторителот.

Супер Попуст -25%

Кога возилото е во сопственост на трето лице, одземањето е предвидено само доколку сопственикот знаел или бил должен да знае дека лицето што управувало немало право да вози. Со ова, одговорноста не се насочува само кон возачот, туку и кон оние што му го отстапуваат возилото без да проверат дали има законско право да управува.

Екстремна брзина како кривично дело, прагови што ја активираат мерката

Измените предвидуваат одземање на возилото и во случаи на екстремно пречекорување на брзината, кога возачот ќе ја надмине дозволената брзина за најмалку 70 километри на час во населено место или 90 километри на час надвор од населено место. Доколку сторителот веќе бил осудуван за вакво кривично дело, одземањето на возилото станува задолжително, што значи дека судот нема простор за полесна санкција во повторени случаи.

Со ова се прави јасно раздвојување меѓу „обична“ сообраќајна неодговорност и однесување што создава висок ризик по животите на другите учесници во сообраќајот, особено во населени места каде последиците најчесто се најтешки.

Мерката важи за сите моторни возила, од автомобили до скутери

Новата рамка се однесува на сите видови моторни возила, вклучително патнички автомобили, мотоцикли, скутери и други моторизирани превозни средства. Практично, идејата е да се опфати секој обид за избегнување на одговорноста преку различен тип возило, затоа што ризикот не го создава машината, туку начинот на управување.

Воедно, со измените лицата што возат без дозвола повеќе не се соочуваат само со прекршочни казни, туку и со кривична одговорност, што значи посериозен правен третман и потешки последици по сторителите.

Целта е јасна, отстранување на најризичните од патиштата

Од институциите порачуваат дека мерката има цел драстично намалување на тешките сообраќајни несреќи, поголема дисциплина и елиминирање на најризичните учесници од патиштата. Во пракса, тоа треба да испрати порака дека државата повеќе не толерира возење без право или опасно „дивеење“, туку го третира како директна закана за јавната безбедност.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Биди мојот Валентајн за еден ден: прошетки, парк и социјализација за бездомни кучиња

Орбан од Брисел со аларм: нема да дадеме да ни го земат ветото и да ја милитаризираат Унијата