
Српските медиуми ја објавија фотографијата на 56-годишниот Горан Комазец од Белград, кој трагично почина на плажа во Сарти, Халкидики, откако влегол во морето обидувајќи се да му помогне на човек во неволја.
-
Кафе и пиво
699 ден
524.25 ден
На фотографијата Горан е со својот малолетен син, кого го прегрнува за време на семејниот одмор во Грција. Набрзо потоа, мирниот ден на плажата се претворил во трагедија.

Повик за помош го прекинал одморот
Според информациите што ги пренесува „Телеграф“, Горан бил на плажата со сопругата и синот кога се слушнал повик за помош од морето.
Непознат маж бил одвлечен од брегот од силна морска струја. Горан веднаш влегол во водата со намера да помогне, а по него тргнал и неговиот малолетен син.
На Горан му се слошило во морето
Според неофицијалните информации, по наглото влегување во постудената вода и големиот физички напор, на Горан му се влошила здравствената состојба.
Спасувачите и лекарите реагирале брзо, го извлекле на брегот и го пренеле во болница. И покрај обидите да му биде помогнато, лекарите ја констатирале неговата смрт.
Конзулатот во Солун стапил во контакт со семејството
За трагичниот настан бил известен и Генералниот конзулат на Србија во Солун, кој, според српските медиуми, се ставил на располагање на семејството.
Фотографијата на која Горан го прегрнува својот син сега останува како спомен од семејниот одмор кој заврши со трагичен настан на плажата во Сарти.
-
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден -
La Linea v3
699 ден
524.25 ден -
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден -
La Linea v12
699 ден
524.25 ден -
La Linea v23
699 ден
524.25 ден -
Апсана
699 ден
524.25 ден








