
По бурните протести и јавните закани, Рафет Мемишовски преку видео порака им упати извинување на највисоките државни функционери, обидувајќи се да ја смири ситуацијата што ја крена Македонија на нозе.
Рафет Мемишовски, еден од учесниците на протестите во Битолско поради одземените возила на лица фатени без возачка дозвола, синоќа јавно им се извини на премиерот, претседателот и институциите, откако претходно на протест изнесе закани со тепачки и убиства.
-
Време за пиво
699 ден
524.25 ден
Видеото со извинувањето е снимено во домашна атмосфера и е објавено на социјалните мрежи. Во пораката, Мемишовски признава дека направил грешка и тврди дека вакво однесување нема да се повтори, наведувајќи дека бил под стрес поради случајот со одземеното возило на негов роднина.
Блокади, палење гуми и барање да се укинат измените
Ромите од Битола, Штип и Прилеп во изминатите денови организираа блокади на повеќе локации, при што беа забележани палења гуми и дрва. Главното барање беше да се укинат законските измени според кои, ако возач се затекне без возачка дозвола, може да му се одземе возилото.
Владата најави „жесток одговор“ за закани и нарушување на јавниот ред
По протестите, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека дал насоки до министерот за внатрешни работи Панче Тошковски да има решителна реакција против секој што го прекршил законот, упатувал закани и го загрозил мирот и безбедноста. По ваквите пораки од власта, протестите престанаа, а потоа следуваше и јавното извинување.
Неофицијално се споменува и кривична пријава
Според неофицијални информации, наводно била поднесена кривична пријава против Рафет и Феим Мемишовски за загрозување на сигурноста, поради закани упатени кон полицајци. Надлежните институции треба да ги соопштат официјалните детали доколку постапката се потврди.


