во ,

Од 8% на 70%: Мицкоски со бројки за кои вели дека „никој не може да ги оспори“!

Премиерот Христијан Мицкоски излезе со серија бројки од земјоделството со кои тврди дека акумулациите за наводнување од само 8 достигнале над 70 проценти исполнетост, порачувајќи дека станува збор за егзактни параметри што никој не може да ги оспори.

Одговарајќи на новинарско прашање поврзано со резултатите во земјоделството, а особено во делот на наводнувањето, тутунот и лозарството, претседателот на Владата Христијан Мицкоски излезе со детален преглед на бројки со кои сака да ја илустрира, како што вели, разликата помеѓу состојбата што ја наследила неговата Влада и онаа во која земјоделскиот сектор се наоѓа денес. Своето излагање тој го започна со потсетување дека, според неговите зборови, акумулациите што се користат за наводнување на земјоделските посеви во август 2024 година биле на едвај 8 проценти, додека денес се движат над 70 проценти.

Супер Попуст -25%

Премиерот тврди дека со ваквиот резултат капацитетот на акумулациите е зголемен речиси девет до десет пати, што го припишува на, како што го нарече, домаќинскиот начин на работење на неговата Влада. Во таа насока, тој направи и пошироката ретроспектива на затекнатата состојба, повикувајќи ја опозицијата споредбите да ги темели на конкретни податоци, а не на чувства.

Ретроспектива на состојбата и најава за нови проекти

Во своето обраќање Мицкоски се задржа и на финансиските проблеми што, според него, ги наследила Владата, наведувајќи дека во АД Водостопанство и во Национални шуми останале неисплатени по три плати на вработените, како и дека субвенциите доцнеле отприлика две годишни програми, што создавало немир и неизвесност. Тој истакна дека сега е одблокиран кредит од 80 милиони евра од КФВ Банката, наменет за три нови проекти во делот на наводнувањето, меѓу кои и проектот „Страиште“, за кој тврди дека граѓаните плаќале камата дури седум години, а притоа ништо не се преземало.

„Ова се егзактни параметри и ова се бројки пред коишто не може некој да спори“, порача премиерот Мицкоски.

На крајот, премиерот се осврна и на резултатите во делот на тутунарството и лозарството, каде што, според изнесените бројки, производството на тутун пораснало од 16 на 26 милиони килограми, а откупната цена се искачила од порано наведените 150 до 160 денари на сегашни 420 до 430 денари за килограм. Кога станува збор за лозарството, тој најави дека од претходните 60 до 70 милиони килограми се очекува овогодинешниот род да достигне 120 милиони килограми, заклучувајќи дека овие политики на Владата ќе продолжат и во иднина, а секој поинаков приказ на податоците го отфрли како тврдење на, како што се изрази, залутани квази експерти во струката.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најевтини, но и најсиромашни: Евростат нè стави на самото дно на Европа – зад нас нема НИКОЈ!

Панчо денес ќе полнеше 47: Приказната за човекот што ја разбранува цела една генерација!