
За да ги увери граѓаните во безбедноста на водата што ја пијат, тој направи несекојдневен потег за време на вонредната прес-конференција. Тој ја замоли својата соработничка Оле да му донесе чаша вода од чешма, која потоа ја испи пред бројните камери и новинарски екипи.
„Сакам и јас да се напијам пред вас, за да знаете дека во Скопје водата е целосно безбедна. Еве, ова е одлична, обична вода од чешма. Да знаат скопјани дека јас, моето семејство и мојот осумгодишен син ја пиеме оваа вода“, истакна Ѓорѓиевски пред јавноста.
Една од најчистите води во Европа
-
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден
Градоначалникот потенцираше дека скопската вода е меѓу петте најдобри и најквалитетни извори на целиот европски континент. Специјализираната лабораторија на водоводното претпријатие секојдневно го испитува квалитетот на водата на дури 36 различни локации низ градот. Тој увери дека доколку постоел каков било здравствен проблем, тој лично би бил првиот што ќе излезе да ги предупреди граѓаните.
Пријави во МВР за ширење паника
Ѓорѓиевски најави остри санкции и институционална разврска за оние кои ја креираат оваа хистерија на социјалните мрежи. Сите профили кои намерно шират лажни вести се сублимираат и ќе бидат предадени во Министерството за внатрешни работи за понатамошна постапка. Според него, овој „бактериски напад“ доаѓа откако пропаднал вчерашниот обид на опозицијата да ги вознемири граѓаните со стара депонија во близина на изворот Рашче.
-
La Linea v1
699 ден
524.25 ден -
La Linea v9
699 ден
524.25 ден -
Балтазар
699 ден
524.25 ден -
La Linea v27
699 ден
524.25 ден -
Кафе пауза на месечината
699 ден
524.25 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
524.25 ден








