во ,

Ослободи ме и ќе ти исполнам 3 желби и рекла жабата…

Реклама

Едно убаво неделно попладне, три жени играле голф. Едната од нив не била премногу вешта и нејзиното топче летнало во шумата. Тргнала да го побара и наместо топчето, нашла жаба фатена во замка.

– Ослободи ме и ќе ти исполнам 3 желби и рекла жабата.

Жената не се двоумела многу. Ја ослободила жабата, на што таа и рекла:

– Фала ти, но заборавив да ти напоменам нешто. Се што ќе посакаш, твојот маж ќе добие 10 пати подобро.

– Немам ништо против била задоволна жената.

Нејзината прва желба била да стане најубава жена на светот.

– Но, дали си свесна дека твојот маж ќе стане нај нај најубав маж на светот? Вистински Адонис. Сите жени ќе го прогонуваат ја предупредила жабата.

– Нема проблем. Јас ќе бидам најубава жена на светот и тој ќе ме гледа само мене!

И така, жената станала најубава на светот. После тоа, посакала да стане најбогата.

– Но, тоа ќе го направи твојот маж десет пати побогат од тебе.

– Тоа воопшто не ми пречи, тоа што е негово, е и мое одговорила жената.


И така жената станала најбогата на светот.

– Која е твојата последна желба? – прашала љубопитно жабата.

– Сакам да добијам МАЛ срцев удар!


Супер Попуст: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Уметникот објавува носталгични слики од познатите личности каде што се среќаваат со себе на помлади години

Живеел еден праисториски човек во пештера. Еден ден на прагот се појавила жена…