
Повик за итна институционална одговорност
Организатори на протестот се неформалната иницијатива „Ниту една повеќе“ и Платформата за родова еднаквост, кои ги повикуваат граѓаните масовно да се приклучат без партиски обележја. Целта на блокадата пред Владата е да се испрати јасна порака дека насилството врз жените, институционалните пропусти и неказнивоста повеќе не смеат да се толерираат.
Граѓанските организации предупредуваат дека осумте убиства за толку краток период се сериозен доказ оти постојните механизми за заштита не функционираат ефикасно. Особено загрижува фактот што дел од жртвите претходно побарале помош од надлежните институции, но и покрај пријавите не добиле соодветна заштита.
Конкретни барања до полицијата, социјалните служби и правосудството
Иако фемицидот веќе е препознаен како посебно квалификувано кривично дело во Кривичниот законик, активистите нагласуваат дека законските измени сами по себе не се доволни доколку не се применуваат доследно и навремено. На денешниот протест ќе бидат прочитани конкретни барања за итно подобрување на постапувањето на полицијата, центрите за социјална работа и правосудните органи.
Меѓу клучните барања се целосна примена на Истанбулската конвенција, брза и ефикасна заштита на жртвите на семејно и родово базирано насилство, како и утврдување одговорност за сите службени лица кои не постапиле согласно своите законски надлежности.
„Молчењето и институционалната неажурност имаат трагични последици. Безбедноста на жените мора да стане вистински приоритет, а не само декларативна заложба“, порачуваат од иницијативата „Ниту една повеќе“ и Платформата за родова еднаквост.
-
Јас сум толку стар
699 ден
524.25 ден -
La Linea v8
699 ден
524.25 ден -
Добро утро
699 ден
524.25 ден -
La Linea v3
699 ден
524.25 ден -
Пиво
699 ден
524.25 ден -
Те сакам како пивото
699 ден
524.25 ден







