
Според најавите, ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, додека утринските температури ќе се движат од 11 до 20 степени. Максималните дневни вредности насекаде ќе бидат високи и ќе достигнуваат од 32 до 36 степени.
Временска состојба во Скопје и најава за новата седмица
-
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден
Во главниот град исто така се очекува сончево и топло време со умерена облачност, но попладне во делови од скопската котлина ќе има услови за развој на невреме проследено со пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град. Минималната температура во Скопје ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 36 степени, додека во новата работна седмица се очекува стабилизација со претежно сончево време и само ретки услови за слаба попладневна нестабилност.
„Граѓаните се советуваат на претпазливост за време на попладневните прснувања и најавените локални невремиња ширум државата.“


