
Една изборна единица и отворени листи
Како еден од главните заклучоци на иницијативата се наметнува потребата од воведување една изборна единица и отворени листи. Пратеничката Славјанка Петровска потенцираше дека знаењето, капацитетот и личниот интегритет мора да бидат поважни од лојалноста кон лидерот. Таа истакна дека иако актуелната власт е „најнеспособна“, СДСМ во моментов не претставува силна опозиција која може да биде сериозна закана за владејачкото мнозинство.
-
Добро утро
699 ден
524.25 ден
Според неа, поминати се две години од новото раководство во кои се детектирани сериозни пропусти во водењето политики, што резултирало со лоши изборни резултати, поради што на СДСМ му се неопходни суштински реформи.
Ултиматум до раководството: Планот ќе биде доставен
Петровска откри дека членовите на платформата неколку пати разговарале со лидерот Венко Филипче за овие проблеми, но биле одбиени. Затоа, тие решиле самоиницијативно да дејствуваат.
„Нема да чекаме повик, стратегијата ќе биде доставена. Ќе оставиме претседателот на партијата да ја разгледа. Дали ќе ја искомуницира со јавноста или не, оставаме на него. Но, апсолутно нема да оставиме работите да бидат вака и СДСМ поради лоша политика да остане заложник и штит кој само го купува времето на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ“, децидна е Петровска.
Ивановски: Филипче стана фракција, СДСМ возвраќа со обвинувања за пуч
Поранешниот потпретседател на партијата, Игор Ивановски, отиде чекор подалеку, обвинувајќи го актуелното раководство дека со своето однесување се изолирало од базата. Тој посочи дека на Филипче ќе му достават План за консолидација и структурни промени кој мора да го прифати за доброто на партијата.
„Венко Филипче и групата со нивното однесување станаа фракција во СДСМ, членството е на наша страна во огромно мнозинство“, порача Ивановски.
Од друга страна, официјалната линија на СДСМ возврати со остри критики кон иницијаторите. Партијата ги обвини членовите на платформата дека се медиумски спонзорирани од портали блиски до премиерот Христијан Мицкоски, додека лидерот Венко Филипче оцени дека оваа групација се обидува преку пуч да ја преземе контролата врз партијата.
-
Кафе и пиво
699 ден
524.25 ден -
La Linea v5
699 ден
524.25 ден -
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден -
La Linea v8
699 ден
524.25 ден -
La Linea v11
699 ден
524.25 ден -
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден








