
Чешкиот претседател со историско предупредување: „Ако Путин победи, сите губиме“ – Павел повлече морничава паралела со 1938 година
Чешкиот претседател и поранешен генерал на НАТО, Петр Павел, испрати драматично предупредување до западните сојузници преку интервју за „Сандеј тајмс“. Тој направи директна историска паралела помеѓу сегашната реторика на Владимир Путин за „заштита на Русите“ и нацистичката пропаганда за германското малцинство во Судетската област пред Втората светска војна. Павел изрази страв од ново сценарио слично на Минхенскиот договор од 1938 година, кога Чехословачка беше предадена од големите сили. „Ако дозволиме Русија да излезе како победник, сите ќе изгубиме“, дециден е Павел, критикувајќи ја неподготвеноста на Западот поактивно да ги брани принципите за кои декларативно се залага.
Руски провокации на небото и криза дома: Дали е време НАТО да соборува руски летала?
-
La Linea v16
699 ден
524.25 ден
Покрај историските лекции, Павел повика на поостар воен одговор, посочувајќи дека честите упади на руски дронови и авиони во воздушниот простор на НАТО се намерни тестови на одлучноста на Алијансата. Тој смета дека можеби е дојдено време за соборување на овие летала доколку провокациите продолжат. На домашен план, претседателот ја истакна мрачната слика во Чешка: високите трошоци за живот и станбената криза (само 7% од Чесите веруваат дека можат да си купат дом) доведуваат до демографски колапс, бидејќи младите се откажуваат од формирање семејства.
-
Јас сум толку стар
699 ден
524.25 ден -
Балтазар
699 ден
524.25 ден -
La Linea v5
699 ден
524.25 ден -
La Linea v11
699 ден
524.25 ден -
Кафе и пиво
699 ден
524.25 ден -
La Linea v27
699 ден
524.25 ден








