во ,

Плата од 23.000 евра за 100 дена, но има „цака“: Германија бара доброволци за изолација

Германија нуди 23.000 евра за 100 дена „живот на Марс“: Дали би издржале целосна изолација под 24-часовен надзор?

Германскиот воздухопловен центар (DLR) во соработка со Европската вселенска агенција (ESA) отвори повик за најхрабрите: се бараат шест учесници за студијата „SOLIS100“ кои се подготвени да поминат 100 дена во целосна изолација за сума од 23.000 евра. Целта не е одмор, туку сериозна симулација на живот во вселенска станица за да се проучи како екстремните услови и тесниот простор влијаат врз човечката психа и тело пред идните мисии на Месечината и Марс. Животот внатре ќе наликува на реално шоу, но во научни цели – учесниците ќе бидат под 24-часовен видео надзор (освен во тоалетите и кабините за спиење) и ќе мора да извршуваат сложени тимски задачи и експерименти.

Строги критериуми за „земјените астронаути“: Здравје, диплома и англиски јазик

Супер Попуст -25%

Не секој може да аплицира за оваа авантура која започнува во април 2026 година. Се бараат профили слични на вистински астронаути: лица на возраст од 25 до 55 години, со совршено физичко здравје (BMI 18.5-30) и високо образование (по можност во медицина или инженерство). Програмата вкупно трае 126 дена, вклучувајќи две недели подготовка и една недела закрепнување, а од кандидатите се очекува и одлично познавање на англискиот јазик.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Петр Павел предупредува: Методите на Путин потсетуваат на Хитлер и Судетската област

Мистерија на холандското небо: Борбени авиони „ловеа“ непознато летало среде тензиите со Русија