во

ПИОМ ги смирува граѓаните по ревизијата: Личните податоци на пензионерите се безбедни и заштитени

Фондот на пензиското и инвалидското осигурување (ПИОМ) уверува дека личните податоци на пензионерите и осигурениците се целосно безбедни, откако Државниот завод за ревизија (ДЗР) утврди серија слабости во заштитата на информациите и ИТ системите на институцијата.

Алармантни наоди на ДЗР: Недостиг на кадар и застарена опрема

Во најновиот ревизорски извештај, ДЗР нотира недостаток од стручен кадар, застарена опрема и отсуство на сеопфатна стратегија за информациска безбедност во ПИОМ. Ревизорите утврдиле дека од предвидените 57 работни места во Секторот за информатика, биле пополнети само 17. Ситуацијата била уште покритична во Одделението за ИТ инфраструктура, каде работел само еден службеник од предвидените 13.

Супер Попуст -25%

Дополнително, констатиран е недостиг од безбедносни надградби, неажурирана антивирусна заштита и отсуство на одобрени планови за континуитет во работењето и обновување на системот во случај на катастрофи.

ПИОМ обвинува за лошо менаџирање во минатото, најавува модернизација

Реагирајќи на извештајот, од ПИОМ оценуваат дека констатираните состојби се последица на „недомаќинското, неодговорно и занемарено управување“ со институцијата во периодот до септември 2024 година.

Фондот информира дека во текот на 2025 и 2026 година се реализирани значајни инвестиции. Воспоставена е резервна инфраструктура за обновување на податоците на посебна локација, доекипиран е ИТ секторот, а до средината на 2026 година се заменети над 100 работни станици. За организациско и кадровско зајакнување, ПИОМ соработува и со Светската банка.

„Немало и нема компромитирање на вашите податоци. Податоците на граѓаните се сигурни, а Фондот презема сè за гарантирање на нивната доверливост, интегритет и достапност“, им порачаа од ПИОМ на пензионерите и осигурениците, додавајќи дека препораките на ДЗР се основа за понатамошно подобрување на безбедноста.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Денеска се одбележува 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба

МВР известува: Зголемена употреба на дронови и снимање од воздух по повод 23 Октомври