во ,

Полицаец од Алабама е двојник на глумецот Двејн Џонсон

Полицаец од Алабама, Ерик Филдс неодоливо потсетува на холивудскиот глумец Двејн Џонсон.

Филдс е вработен во канцеларијата на шерифот во областа Морган, Алабама, а со својот изглед наликува на Двејн Џонсон. Неговите фотографии и снимки се појавиле на социјалните мрежи и станале вистински хит, а и самиот Џонсон изненадно реагирал на Твитер.

“Вау, мажот од лево е многу повеќе кул. Остани добро брате и ти благодарам за твојата служба. Еден ден ќе се напиеме “Теремана” и морам да ги слушнам твоите “Rock приказни”, бидејќи знам дека ги имаш”, напишал Џонсон во својот твит.

Приказната привлече внимание откако се објави постот на Фејсбук. Филдс веќе 17 години работи како полицаец, а рекол дека не е првпат луѓето да го поврзуваат со глумецот.

“Ме нарекуваат The Rock. Се согласив на тоа, смешно е и ми ласка. Можеше да биде полошо”, рекол Филдс.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Во Кина истовремено биле срушени 15 облакодери за само 45 секунди

Овој хрватски хотел под маслинова градина нуди уникатно искуство