Спортскиот бренд adidas се здружи со реномираниот производител на порцелан Meissen и заедно создадоа порцелански патики кои се очекува да се продадат на аукција за милион долари.

-
Време за пиво
699 ден
524.25 ден



Ако се достигне очекуваната цена, тоа ќе биде нов рекорд за продажна цена на патики. Претходниот рекорд беше поставен во август, кога патики на Nike носени од Мајкл Џордан беа продадени за 615 илјади долари.
Кожните спортски обувки се рачно обоени од Meissen и покриени со порцелан. Уникатните патики се тешки точно 950 грама, а биле изработувани цели шест месеци во Германија.








Онлајн аукцијата на Sotheby’s, на која ќе се продаваат патиките „ZX8000 Porcelain“, ќе се одржи од 7 до 16 декември. Средствата од продажбата ќе бидат наменети за музејот „Бруклин“.
Meissen е најстариот производител на порцелан во Европа и постои од 1710 година.


-
La Linea v27
699 ден
524.25 ден -
Апсана
699 ден
524.25 ден -
La Linea v6
699 ден
524.25 ден -
Кафе пауза на месечината
699 ден
524.25 ден -
La Linea v23
699 ден
524.25 ден -
La Linea v2
699 ден
524.25 ден








