
По речиси 10 години, новата клиничка болница во Штип останува симбол на големо ветување што сè уште стои заглавено во институционални лавиринти.
Иако најавите дека по Нова година ќе почнат активности за доизградба беа пласирани како сигнал за пресврт, на терен сликата останува иста од поставувањето на камен темелникот на 3 март 2016. Објектот стои, времето си го прави своето, а граѓаните повторно слушаат „приоритет“ без јасен датум и конкретен план за старт.
-
Време за пиво
699 ден
524.25 ден
Од Министерството за здравство велат дека проектот е дел од пакет што треба да се реализира со средства преку договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, и дека се работи за проекти вредни околу 205 милиони евра. Според нив, процесот на изразување интерес од меѓународни финансиски институции за финансирање на три болници завршил на 3 февруари 2026, а следниот чекор е избор на најповолна понуда.
Клучот е кај финансиите, а одговорот го нема
Изборот на финансиер, според здравство, е во надлежност на Министерството за финансии. Но, јавноста останува без јасна информација во која фаза е тој процес, бидејќи на прашањата за динамиката и роковите не следи одговор. Во меѓувреме, институциите си ја префрлаат топката, а граѓаните добиваат уште еден круг чекање.
Има ли надеж: да, но само со рокови и одговорност
Надеж постои ако веднаш се постават јасни чекори: избор на финансирање, нова временска рамка за доизградба и јавна отчетност за тоа кој носи одлуки и до кога. Без конкретни датуми и транспарентна динамика, „приоритет“ останува празен збор, а штипската болница продолжува да биде проект што старее наместо да лекува.


