
Политички и бизнис средби во Германија
Во рамки на посетата, премиерот реализираше средби на високо политичко ниво, разговарајќи со претставници на повеќе институции, компании и истакнати членови на германската бизнис-заедница. Целта на овие средби е зајакнување на билатералната соработка и презентирање на потенцијалите за инвестиции пред претставниците на една од најразвиените индустриски зони во Европа.
Учество на самитот „Посилни заедно“
-
La Linea v11
699 ден
524.25 ден
Како што информираат од владината прес-служба, централен настан од посетата било присуството на првиот самит насловен „Посилни заедно – отпорноста како императив за целото општество“. На овој значаен настан, претставниците дискутираа за предизвиците и стратегиите за градење поотпорни општества во услови на кризи.
„Премиерот Мицкоски зеде активно учество во панел-дискусијата посветена на темата ‘Од глобални промени до регионални реалности’, каде ги сподели своите видувања за актуелните предизвици“, соопшти владината прес-служба.


