во , ,

Пронајдена желка со две глави: Не се знае кој пол е, но откриени се овие занимливости

Две глави, шест нозе и еден оклоп. Така изгледа двоглавата желка, многу ретка, пронајдена на американскиот ‘рт Кејп Код.

Волонтери сосема случајно ја пронашле на ‘ртот и веднаш ја префрлиле во тамошниот центар за диви животни каде научниците спроведуваат истражувања за тоа.

Во центарот велат дека ова е прва таква желка која некогаш ја виделе и дека се обидуваат да ја третираат како единствено суштество, што таа и е.

Супер Летен Попуст

Откриле дека станува збор за две потполно развиени желки, кои имаат одвоена дигестија, така што внатре во нивниот оклоп има голем “метеж”.

Тоа што не ги делат органите е добра вест, бидејќи шансите за преживување се многу поголеми.

И натаму не е утврдено дали имаат едно или две срца, како ни полот на животните, бидејќи за тоа се уште е рано.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

„Гладно дрво“ – една од најпопуларните туристички атракции во Ирска

Крадците тргнале да му го украдат „поршето“, а потоа доживеале невиден срам