во , ,

Крадците тргнале да му го украдат „поршето“, а потоа доживеале невиден срам

Механичар од Бразил, кој возел девојка во „порше“ на муштерија, бил киднапиран откако крадците мислеле дека тој е сопственик на автомобилот.

На видеото од надзорната камера се гледа моментот кога двајца вооружени мажи се приближиле до луксузното возило, а потоа го натерале механичарот Франциско Рамос и неговата девојка да излезат од него.

Според локалните медиуми, неименуван бизнисмен го оставил своето „порше“ вредно 77.000 евра во работилницата за мајсторот да му го поправи стереото.

Реклама

Додека поршето било со него, Рамос решил во него да ја вози својата девојка, кога се случил инцидентот.

По киднапирањето, механичарот бил однесен во банка, за да го натера да ги извади парите.

Меѓутоа, бидејќи немало пари на сметката, киднаперите набрзо сфатиле дека тој им ја кажува вистината кога им кажал дека автомобилот не е негов.

После тоа се упатиле кон соседниот град, каде што го оставиле автомобилот и го ослободиле механичарот.

Засега не е познато дали полицијата го истражува случајот или механичарот ќе се соочи со некакви обвиненија


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Пронајдена желка со две глави: Не се знае кој пол е, но откриени се овие занимливости

8 Места со најекстремни временски услови во светот