во , , ,

„Гладно дрво“ – една од најпопуларните туристички атракции во Ирска

Една од туристичките атракции кои треба да се посетат во Даблин секако е таканареченото „гладно дрво“.

Дрвото кое се проценува дека е старо околу 80 години пораснало до висина од 21 метар, а широко е 3 и пол метри. Она што е специфично кај него е што изгледа како да јаде клупа.

Дрвото било засадено покрај метална клупа, а како што минувале годините, тоа растело така што „проголтало“ делови од клупата која му стоела на патот.

Неговата кора сега се „прелева“ преку наслонот на клупата, правејќи го да изгледа како седиштето да е сместено во стеблото.

Сепак, тоа не е првото дрво кое јаде сè што ќе му се најде на патот. Други дрвја ширум светот го направиле истото кога ќе се соочат со пречка која го попречува нивниот раст.

Шкотското „дрво велосипед” кое потекнува од 19-от век, присвоило повеќе предмети. Покрај велосипедот по кој го добил името, живее во „симбиоза“ со метален синџир и бродско сидро. Се наоѓа во националниот парк „Loch Lomond and The Trossachs“ и претставува заштитена туристичка атракција. Се верува дека „дрвото велосипед“ никнало во близина на отпад на ковачница.

По смртта на ковачот во 1923 година, ковачницата се затворила и земјиштето било напуштено, што овозможило непречено растење на дрвото. Покрај десетина метални предмети кои биле закачени на гранките, дрвото „изело“ и велосипед кој бил втиснат во неговата кора. Металот со кој живее воопшто не му пречи на дрвото и сè уште претставува атракција за љубопитните туристи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Бонд девојката која научи на потешкиот начин – природното стареење е подобро

Пронајдена желка со две глави: Не се знае кој пол е, но откриени се овие занимливости