во ,

Пукаат браните како на филм, не можат да ја задржат водата: Поплави и во Кина после обилните дождови!

Супер Маица, Супер Цена

Две брани во Хулунбуир во Внатрешна Монголија се срушија по обилните дождови, се вели во соопштението на кинеското Ресорно Министерство, повикувајќи се на загриженост поради безбедносните ризици во регионот со застарена инфраструктура.

Браните попуштиле во неделата попладне, а една од нив достигнала максимален капацитет, водата се излеала над врвот пред целиот резервоар да се испразни за неколку минути. Како што се додава, штетата е огромна.

На снимките објавени на социјалните мрежи забележан е моментот на пукање на браните и водата која ‘избувнува’ и поплавува сè пред резервоарот.


На останатите снимки исто така се гледа како водата најпрвин почнала да се излева на крајбрежјето, пред бариерата да попушти и да се сруши.

За среќа, кинеските власти потврдиле дека локалното население е евакуирано низводно и дека нема извештаи за жртви.

Градската влада на Хулунбуир соопштила дека поплавите зафатиле околу 16.660 луѓе и дека најмалку 53.807 хектари земјоделско земјиште биле под вода, како и дека многу е уништена инфраструктурата во областа.

Меѓутоа, многу животни останале заробени во поплавената област на границата меѓу Кина и Монголија. Полицијата била распоредена да помогне во спасувањето на повеќе од 1.000 овци кои останале опкружени со вода. Биле потребни околу три часа за да се спасат овие животни.

На почетокот на оваа година, кинескиот заменик министер, Веи Шанжонг изјавил дека скоро третина од резервоарите во земјата немаат задолжителна проценка на безбедноста поради недостаток на финансиски средства.

Низ Кина има над 98.000 резервоари што земјата ги користи за да спречи поплави, да произведува електрична енергија и да управува со пловидбата, но повеќе од 80 проценти од нив се постари од 40 години, што создава потенцијален безбедносен ризик, наведува владата на Пекинг.

Што мислиш?

8 Поени
Upvote Downvote

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Селото на Попај во Малта е вистинска атракција за туристи

12 Илустрации ги покажуваат навиките на девојките кои се менуваат по 30-тата година