во , ,

12 Илустрации ги покажуваат навиките на девојките кои се менуваат по 30-тата година

Секоја деценија од нашиот живот нè менува како личности.

Интересни илустрации на сликовит начин ги прикажуваат навиките кои се менуваат кај девојките по пречекорувањето на 30-тата година.

Повеќе не си легнуваме со шминка, зашто знаеме дека кожата нема да ни биде благодарна.

Порано можевме да бидеме енергични со само неколку часа спиење, но сега дури ни здравиот сон не ни гарантира свеж изглед следниот ден.

Заборавивме на романтиката од филмовите и ја заменивме со практичност.

Повеќе не ни се потребни часови пред огледало за да се подготвиме за љубовен состанок.

Не дозволуваме толку лесно да ни биде скршено срцето.

Внимателно избираме што јадеме, зашто знаеме дека секоја нездрава закуска ќе ни ја уништи фигурата.

Знаеме дека поважна е удобноста, отколку изгледот на долната облека.

Научивме како разумно да раководиме со финансиите.

Сфативме дека убаво е да си со саканиот, но дека понекогаш ни треба и простор само за нас.

Авантурите на летниот одмор го заменивме со удобно уживање под сончевите зраци.

Купувањето на влошки и тампони веќе не го сметаме за непријатно искуство.

И за крај, не е повеќе толку лесно да завршиме еден добар фитнес тренинг.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Пукаат браните како на филм, не можат да ја задржат водата: Поплави и во Кина после обилните дождови!

Поради масивните мускули го нарекуваат корејскиот Хулк