во

Пукање во Флорида: 12 повредени, меѓу кои шест деца, во близина на универзитет во Талахаси

Најмалку 12 лица, меѓу кои и шест малолетници, се повредени во масовно пукање што се случи во Талахаси, Флорида, во непосредна близина на Универзитетот „Флорида А&М“.

Десетици повредени, најмладата жртва на 11-годишна возраст

Според информациите од локалните власти и шефот на полицијата, Лоренс Ревел, 11 лица се здобиле со прострелни рани во инцидентот. Повредени се вкупно шестмина возрасни и шест деца, од кои најмладото има само 11 години. Едно лице се наоѓа во критична состојба, тројца се здобиле со сериозни повреди, додека осуммина се стабилни.

Супер Попуст -25%

Единственото лице меѓу повредените кое нема прострелна рана е бабата на една од жртвите, која се повредила при обидот во паника да побегне од местото на пукањето.

Апел до јавноста за помош во истрагата

Шестмина од повредените сè уште се наоѓаат на болничко лекување, додека пет лица со прострелни рани се веќе пуштени од болница. Полицијата интензивно работи на расветлување на случајот и апелира до сите граѓани кои поседуваат фотографии или видеоснимки да ги споделат со истражителите.

„Ќе утврдиме што се случило, ќе ги идентификуваме одговорните и ќе најдеме одговори за сите жртви, нивните семејства и за сите што се погодени од оваа трагедија. Знаеме дека има луѓе кои виделе или слушнале нешто, помошта од јавноста е од клучно значење за истрагата“, изјави шефот на полицијата, Лоренс Ревел.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Тешка сообраќајна несреќа кај Барселона: Автобус и автомобил излетаа во провалија, над 80 повредени

Руски напад врз товарен брод кај Одеса: Погодена пристанишна и енергетска инфраструктура