во ,

Раскрсница која предизвика расправа на социјалните мрежи: Кој има првенство на минување?

Кога на една раскрсница, сообраќајот се регулира со семафори, возачите не мора да размислуваат кој има првенство на минување и кого мора да пропуштат пред да тргнат – светлосните сигнали го прават тоа наместо нив.

Меѓутоа, кога на една раскрсница се наоѓаат сообраќајни знаци, тоа може да доведе до проблеми па дури и до сообраќајни несреќи бидејќи возачите ретко ги познаваат правилата (или пак не ги почитуваат).

Токму една таква раскрсница доведе до расправа на социјалните мрежи.

Како што се гледа на сликата, на раскрсницата се наоѓаат камион, автомобил и автобус. Пред камионот стои знак на првенствено минување и тој треба да сврти лево. Пред автомобилот стои знак СТОП и тој треба да сврти десно, додека пред автобусот стои знак за крстосување со пат со првенство на минување и тој треба да продолжи право.

“Автобусот го задржува правецот на движење. Доколку камионот врти десно, тогаш би се движел по пат со првенствено минување. Кој стои пред СТОП знак тргнува последен”.

“Знаците за условно запирање и СТОП знаците имаат иста важност. Луѓето гинат поради ваквите глупави одговори”, се само дел од коментарите под сликата.

Дали вие го знаете редоследот по кој треба да се движат возилата?

Што мислиш?

11 поени
Upvote Downvote

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

20 Илустрации покажуваат како изгледа љубовта кога никој не гледа

Какви автомобили возат најбогатите луѓе на планетата?