во

Ретко виден инцидент во Франкфурт: Авион на „Пегасус ерлајнс“ се обиде да полета во погрешна насока

Минатата недела на аеродромот во Франкфурт се случи невообичаен инцидент кога патнички авион на турската авиокомпанија „Пегасус ерлајнс“ се обиде да полета во погрешна насока од пистата.

Ербасот се упатил кон север наместо кон југ

Авионот од типот „Ербас А321“, кој требало да реализира лет за Истанбул, добил дозвола од контролата на летање за полетување кон југ од пистата 18 на најпрометниот германски аеродром. Сепак, откако влегол на пистата преку предвидената пристапна точка, екипажот почнал да се движи во спротивната насока, кон север.

Супер Попуст -25%

Пилотите го прекинале полетувањето при брзина од приближно 65 километри на час, откако навремено биле предупредени од германската контрола на летање (DFS) да ја ослободат пистата.

Брза реакција и безбедно продолжување на летот

Портпаролот на DFS нагласи дека контролорите веднаш ја забележале грешката и дека немало непосредна опасност за патниците и екипажот бидејќи ситуацијата била ставена под контрола. Настанот е пријавен до Сојузното биро за истражување на авионски несреќи (BFU), додека компанијата „Фрапорт“, која управува со аеродромот, само го потврди инцидентот без дополнителни детали.

„Ова не се случува често, особено не во Германија. Авионот полета без проблеми седум минути подоцна, движејќи се во правилната насока – кон југ“, објави порталот The Aviation Herald, дополнувајќи ги деталите за успешната разврска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Студентите прогласија победа во Србија: Вучиќ го призна поразот по 14 години на власт

Студентите слават победа низ цела Србија: Вучиќ го призна поразот на парламентарните избори