
„КОЈ Е СЛЕДЕН?“ Трамп има список од 5 држави за отстрел: „Американската доминација никогаш повеќе нема да биде прашање“
Апсењето на Николас Мадуро беше само почеток. Администрацијата на Доналд Трамп отвори фронт против уште пет држави, испраќајќи јасна порака: САД тргнуваат во наплата на своето влијание, милум или силум. „Наша работа е да имаме земји околу нас каде нафтата тече слободно“, изјави Трамп, додавајќи дека американската доминација на западната хемисфера е апсолутна.
Црната листа на Белата куќа:
-
La Linea v3
699 ден
524.25 ден
1. ГРЕНЛАНД: „Треба да го земеме“
Трамп инсистира дека данската територија му е потребна поради „национална безбедност“ бидејќи е опкружена со руски и кинески бродови. Премиерот на Гренланд ова го нарече „непочитување“, потсетувајќи дека тие се луѓе, а не објект за трговија.
2. КОЛУМБИЈА: „Претседателот е болен човек“
Најбруталните навреди беа упатени кон колумбискиот претседател Густаво Петро. Трамп го нарече „болен човек кој сака да произведува и продава кокаин“. На прашањето дали следи воена операција во Колумбија, Трамп кусо одговори: „Мене тоа ми звучи добро“.
3. КУБА: „Ќе паднат сами од глад“
За Куба не се планира веднаш војна, бидејќи Трамп смета дека режимот ќе колабира економски откако им ја пресече венецуелската нафта. Сепак, државниот секретар Марко Рубио порача: „Да живеам во Хавана и да работам во владата, би бил многу загрижен“.
4. МЕКСИКО: Понуда што не се одбива?
Трамп ја прашал мексиканската претседателка дали сака американска војска да влезе и да се пресмета со картелите. Мексико засега молчи, но го осуди апсењето на Мадуро.
5. ИРАН: „Спремни сме да удриме силно“
Додека протестите во Техеран влегуваат во втора недела, Трамп повтори: Ако убиваат демонстранти, САД ќе реагираат воено.


