во ,

Светските милијардери додадоа 5.000.000.000.000 долари на нивното богатство за време на пандемијата

Луѓето како Џеф Безос, Елон Маск и другите милијардери во светот, колективно станаа за 5.000.000.000.000 долари побогати за време на пандемијата.

Се верува дека ова е најголемиот скок на богатството во последните неколку децении.

Веста доаѓа како дел од годишната листа на светски милијардери на Форбс, на која во 2020 година се додадени скоро 500 луѓе – се создава нов милијардер на секои 17 часа – рекордно високо ниво.

На врвот на списокот е, се разбира, Џеф Безос од Амазон кој беше крунисан за најбогата личност на светот веќе четврта година со нето вредност од 177 милијарди долари.

Во меѓувреме, второпласиран е основачот на SpaceX и Тесла, Илон Маск, со нето вредност од 151 милијарда долари.

Откако беше на врвот, основачот на Мајкрософт Бил Гејтс сега е на четвртото место со 124 милијарди долари. Според „Индипендент“, Гејтс бил број еден во 1995 година со нето вредност од 12,9 милијарди долари.

Најбогата жена на списокот е Франсоас Бетенкур Мејерс на 12-то место, која има нето вредност од 73,6 милијарди долари. Бетенкур Мејерс е внука на основачот на Лореал.

Објаснувајќи како го направиле списокот, Форбс објаснија дека „користеле цени на акциите и девизниот курс од 5 Март за да ја пресметат нето вредноста“.

САД може да се пофали со најмногу милијардери, повеќе од 700, а по нив следат Кина и Хонг Конг.

Во меѓувреме, има само 56 милијардери во Велика Британија, вклучувајќи ги и Филип Грин, Ричард Бренсон и Џејмс Дајсон.

Најновиот додаток на списокот на Форбс е реалити ТВ sвезда Ким Кардашијан-Вест. Официјално беше објавено дека 40-годишната Ким го погоди статусот милијардер на 6 Април, откако за неколку месеци нејзиното богатство се зголеми за 220 милиони долари.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Џиновски гуштер влегол во супермаркет на Тајланд и почнал да уништува сè пред себе

Професионални готвачи споделуваат совети како да познаете дали некој ресторан е добар