во

Светски ден на срцето: Бесплатни прегледи и стручни совети од ИЈЗ денес во Дајмонд Мол

По повод 29 Септември – Светскиот ден на срцето, Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) организира голема теренска превентивна активност, овозможувајќи им на граѓаните бесплатни прегледи и корисни стручни совети.

Бесплатни прегледи и стручни совети во Дајмонд Мол

Активноста ќе се одржи денес, вторник, со почеток во 10:30 часот, кога стручни тимови од ИЈЗ ќе постават специјален превентивен пункт во трговскиот центар Дајмонд Мол во Скопје.

Супер Попуст -25%

Целта на овој настанот е преку директен контакт со граѓаните да се нагласи важноста од редовната грижа за кардиоваскуларното здравје, навременото препознавање на скриените ризик-фактори и усвојувањето здрави животни навики кои го штитат срцето.

Посета од министерот за здравство

Најавено е дека пунктот во Дајмонд Мол лично ќе го посети и министерот за здравство, д-р Сашо Клековски, со што ѝ се дава дополнителна поддршка на оваа важна јавноздравствена иницијатива.

Од ИЈЗ ги повикуваат сите заинтересирани граѓани да го посетат пунктот, да ги проверат своите основни здравствени параметри и да се консултираат со медицинските експерти.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Историски успех на SpaceX: Џиновската ракета „Starship“ за првпат успешно ја обиколи Земјата

Остра реакција од СДСМ: Да му ја решиме дилемата на Мицкоски – ние сме за институции, а не за банда!