во

СДСМ обвинува: Мицкоски го штити Тошковски, граѓаните гледаат театар наместо одговорност

Опозициската СДСМ преку партиско соопштение реагираше на бегството на обвинетата Ива Михајлова, упатувајќи директни обвинувања до премиерот Христијан Мицкоски за заштита на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Бегство со одземени пасоши и спорната изјава за границата

Од партијата посочуваат дека институциите сè уште немаат понудено одговор на прашањето како лице со одземен македонски и бугарски пасош успеало непречено да ја напушти државата и да стане недостапно за органите на прогонот.

Супер Попуст -25%

СДСМ остро ја критикува јавната констатација на министерот Тошковски во која тој ја спореди државната граница со „швајцарско сирење“:

  • „Тошковски на телевизија јавно признава дека границата е ‘швајцарско сирење’. А кој е надлежен за границата? Тошковски. Срамота е министерот што ја води полицијата, која ја обезбедува границата, да каже дека границата е швајцарско сирење“, се наведува во соопштението.
  • Од опозицијата додаваат дека границата функционира како „решето и за криминалци и за бегалци од правдата“, додека конкретна одговорност изостанува.

Обвинувања за политички театар и договор „под радар“

Според наводите на СДСМ, власта свесно избегнува преземање политичка и институционална одговорност за случајот што ја бранува јавноста.

„Никој не одговара. Нема правда. А кој раководи со полицијата? Тошковски. Ама Мицкоски го штити Тошковски. Сега на сите им е јасен договорот под ‘радар’ за пуштање на Михајлова. Затоа наместо одговорност и оставка од Тошковски, сега народот гледа театар“, порачуваат од партијата.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Милошоски: Вето на една земја членка е доволно за да го блокира македонскиот јазик во ЕУ

Нон-пејпер од Австрија, Чешка и Словачка: Билатералните спорови да се решаваат надвор од преговорите со ЕУ