
Од СДСМ обвинија дека на официјалната државна прослава по повод 35 години од независноста било погрешно прикажано македонското државно знаме.
-
Кафе пауза на месечината
699 ден
524.25 ден
Според опозициската партија, станува збор за настан финансиран со јавни средства, поради што бараат одговорност и детално објаснување од Владата.
СДСМ со остри критики до Владата
„Срамно и понижувачки. Милиони евра народни пари троши Владата на Мицкоски, а не успеа ниту македонското знаме да го направи како што треба“, велат од СДСМ.
Од партијата ја обвинија власта дека покажала неодговорност кон еден од најважните државни симболи.
„За тендери и провизии од милионски бизниси – тие се експерти. За македонско знаме – аматери“, се наведува во реакцијата на СДСМ.
Бараат да се открие кој бил задолжен за сценографијата
Опозицијата побара Владата да соопшти која компанија била ангажирана за организацијата и визуелниот идентитет на прославата.
СДСМ бара одговор и за тоа кој конкретно бил задолжен за сценографијата, колку средства биле потрошени и кој ќе понесе одговорност доколку се утврди дека државното знаме навистина било прикажано неправилно.
Од партијата случајот го оценија како понижување на македонскиот државен симбол и побараа Владата јавно да излезе со сите детали поврзани со организацијата на настанот.
-
Џаст До Ит!
699 ден
524.25 ден -
Време за пиво
699 ден
524.25 ден -
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
524.25 ден -
Кафе пауза на месечината
699 ден
524.25 ден -
La Linea v12
699 ден
524.25 ден







