во ,

СДСМ СО ОСТРА КРИТИКА: Муцунски глуми полицаец, а Тошковски чисти цевки додека Мицкоски е на одмор!

Опозициската СДСМ излезе со жестоки обвинувања кон Владата, критикувајќи ја за целосна неспособност и хаос во распределбата на министерските задачи. Додека граѓаните се соочуваат со сериозни здравствени кризи, од партијата обвинуваат дека министрите се занимаваат со сè, освен со сопствената работа.

Според соопштението на СДСМ, државата се наоѓа во сериозна здравствена криза. Тие посочуваат дека граѓаните во над 50 населени места се соочуваат со труење од небезбедна вода и загадени реки, а како дополнителен проблем се појавува и епидемијата на западнонилска треска.

Министрите си ги помешаа улогите

Супер Попуст -25%

Од партијата иронично забележуваат дека премиерот Христијан Мицкоски е на „екскурзија“, додека неговите министри преземаат туѓи обврски. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, претходно беше задолжен за хиперхлорирање на водата и чистење на цевките во Гостивар. Од друга страна, сега министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, се занимава со полициски работи.

„Муцунски кажува колку луѓе биле повикани на разговор во полиција за шпекулациите и лажните информации за водата во Скопје. Па каде е Тошковски? Работи ли нешто? Да не е и тој на екскурзија? Во ВМРО-ДПМНЕ сите се занимаваат со туѓа работа, само не со својата,“ прашуваат од СДСМ.

„Тотален институционален распад“

Опозицијата обвинува дека граѓаните ја губат довербата бидејќи гледаат дека системот не функционира, а нивното здравје е ставено под огромен ризик. СДСМ тврди дека Владата доцни со реакциите и свесно крие информации од народот, што доведува до ескалација на состојбите. Според нив, неспособната Влада на Мицкоски не може да ги извршува ниту основните функции, дозволувајќи целосен институционален распад за кој сметката ја плаќаат обичните граѓани.

Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

„ОЛЕ, ДОНЕСИ ЧАША ВОДА“: Ѓорѓиевски пиеше вода од чешма пред камерите за да докаже дека нема бактерии!

25 ГОДИНИ ОД ОХРИДСКИОТ РАМКОВЕН ДОГОВОР: Четврт век од документот што ја промени Македонија!