во , ,

Секогаш тврдиш дека си подобар психијатар од мене. Ако можеш да убедиш тројца од овие туристи…

Двајца психијатри седат на висок мост на кој имало многу туристи. Едниот вели:

– Секогаш тврдиш дека си подобар психијатар од мене. Ако можеш да убедиш тројца од овие туристи да скокаат од мостот и да се искршат, тогаш ќе ти дадам рака и ќе признаам дека си подобар.

Другиот прифатил. Тој внимателно ги погледнал луѓето наоколу, му пристапил на еден и му рекол:

– Ти си Американец, нели?

Човекот потврдил.

– А знаеш ли дека си шворц. Кредитната картичка ти е блокирана, куќата и автомобилот ти се конфискувани од банката?

– Тогаш зошто ми е ваков живот? – Рекол Американецот и скокнал од мостот.

Психијатарот погледнал наоколу и избрал втор човек.

– Ти си Французин, нели? Дали знаеш дека твојата сопруга избега со твојот најдобар другар, а љубовницата си најде друг?

– Тогаш нема зошто да живеам! – Рекол Французинот и скокнал од мостот.

Психијатарот му пристапува на трет:

– Ти си Македонец нели?

– Да.

– А знаеш ли дека од овој мост е забрането да се скока?!

Кому бе забрането? Сега ќе видиш!!!

Што мислиш?

26 Поени
Upvote Downvote

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Боже, мили, па каде беше цели седум дена?

Ох, имав срцев удар, оди викај брза помош!