
На спектакуларниот моден настан во Ријад, 56-годишната музичка икона Селин Дион ги воодушеви присутните со својот камбек на сцената, облечена во блескава креација со наметка од славниот дизајнер Ели Сааб. Дион ја отвори ревијата настан „1001 Seasons“ со неколку од нејзините најголеми хитови, како „The Power Of Love“ и „I’m Alive“, и беше пречекана со бурен аплауз.
-
La Linea v4
699 ден
524.25 ден

По нејзината борба со синдромот на вкочанета личност, поради кој беше приморана да направи пауза од сцената, Дион неодамна направи спектакуларен камбек со настап на Ајфеловата кула во Париз за отворањето на Летните олимписки игри. Сега, на модната писта во Саудиска Арабија, таа повторно покажа дека нејзиниот талент и стил остануваат ненадминати.

За настанот, на црвениот тепих, Дион носеше впечатлива розова креација, дополнително нагласувајќи ја својата елеганција и уникатен стил.


