Властите во Камбоџа заплениле мажјак лав, кој бил чуван како домашно милениче во една приватна вила во Пном Пен.
Мажјакот стар 18 месеци и тежок 70 килограми, бил увезен од странство од страна на сопственикот, кинески државјанин, за да биде одгледан во неговиот дом, соопштил портпаролот на Министерството за животна средина Нет Феакра.
Pet lion confiscated in Cambodia after TikTok videos https://t.co/AwC4Pg5rPh
— World News (@coronavirusp) June 28, 2021
-
Време за пиво
699 ден
524.25 ден
„Нашите власти започнаа истрага за овој случај, непосредно откако кон крајот на април на социјалната мрежа ТикТок беше објавена снимка со ова диво животно. Сопственикот го чувал како домашно милениче во својата вила во главниот град на Камбоџа“, рекол Феакра и повторил дека не е дозволено да се чуват ретки животни како домашни миленици.

„Гардијан“ пренесува дека властите ја преместиле големата мачка во центарот за спасување на диви животни Пном Тамао, на периферијата на главниот град.

Конфискацијата се случува еден ден откако корисник на Твитер објави снимка од животното додека шета низ градината во богатата област Боунг Кенг Канг во Пном Пен.

-
La Linea v27
699 ден
524.25 ден -
La Linea v8
699 ден
524.25 ден -
La Linea v5
699 ден
524.25 ден -
La Linea v12
699 ден
524.25 ден -
La Linea v13
699 ден
524.25 ден -
Пулсот на пивото
699 ден
524.25 ден








