
Полицијата поднесе кривична пријава против поранешната директорка на Клиничката болница во Битола откако откри скандалозна шема за незаконско делење на државни пари.
Според информациите од СВР Битола, 53-годишната Е.И. се товари за тешка злоупотреба на службената положба. Таа во текот на 2023 година буквално ја презела улогата на Министерството за финансии. Без никакви интерни огласи и законски согласности, таа потпишала незаконски анекси за дури 11 административни службеници.
Доктори на науки за одржување згради
-
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден
Оваа дрска операција имала една единствена цел. Директорката сакала вештачко пумпање на платите во управната зграда. Службениците добивале повисоки коефициенти и унапредувања без да имаат соодветно образование.
Полицијата откри еден фрапантен пример во документацијата. Работно место за одржување објекти барало само средно електротехничко образование. Сепак, директорката таму вработила лице со титула доктор на науки. Платата му била пресметувана по највисок можен коефициент за тој профил.
Буџетот олеснет за 50 илјади евра
Ваквото расипничко однесување скапо го чинеше македонскиот здравствен систем. Директната финансиска штета врз државниот буџет и Фондот за здравство изнесува речиси 50.000 евра. Целиот случај сега е во рацете на Јавното обвинителство во Битола кое треба да стави крај на болничкото самоволие.


