во ,

СКАНДАЛ ВО ОПОЗИЦИЈАТА: Филипче спремен за ново предавство на македонскиот идентитет

Венко Филипче во последно време стана многу погласен за бугарските уцени отколку за македонските национални интереси и црвени линии. Наместо да ги штити граѓаните тој отворено нуди нови предавства и понижувања само за да им се допадне на центрите на моќ во Софија. ВМРО-ДПМНЕ упати брутален напад кон лидерот на опозицијата обвинувајќи го дека е спремен да потпише сè без никакви гаранции за државата. Ова е класично сценарио на коленичење пред Радев додека македонскиот народ јасно кажа не на секоја форма на идентитетско обезличување. Филипче се однесува како продолжена рака на Зоран Заев и планира да го заврши она што неговиот претходник го започна пред неколку години. Граѓаните веќе немаат трпение за политичари кои ја продаваат иднината на нацијата за сопствени кариеристички амбиции во Брисел. Оваа агресивна реторика на СДСМ само покажува колку се тие одлепени од реалноста на теренот во која живеат обичните луѓе денес.

Супер Попуст -25%

Филипче со денови се обидува да ги убеди граѓаните дека тој е единствениот кој ќе нè однесе во Европската Унија по секоја цена. Тој зборува за кохезија во општеството додека во заднина подготвува терен за прифаќање на секое бугарско барање за историјата и јазикот. ВМРО-ДПМНЕ тврди дека опозицискиот лидер манипулира со јавноста и се однесува како народот да не знае што навистина значат уставните измени. Неговите ставови се засилија веднаш по формирањето на новата влада во Бугарија што е јасен знак за неговата политичка сервилност. Филипче сонува за премиерската фотелја додека неговата партија тоне кон целосно исчезнување од политичката сцена во државата.

Предавнички политики и рејтинг во слободен пад

СДСМ денес е четврта партија во државата според анкетите и веќе не е никаков фактор кој одлучува за важните прашања. Филипче ја води партијата во пропаст со тоа што одлучи да ги продолжи предавничките политики на неговиот политички ментор Заев. Народот двапати по ред им испрати јасна порака на изборите но тие сè уште не ја сфаќаат тежината на сопствениот пораз. Тие се однесуваат како мала група која се надева на враќање на власт преку нови национални катастрофи и блокади. ВМРО-ДПМНЕ порачува дека македонскиот народ нема да дозволи ново понижување без цврсти гаранции за европскиот пат на земјата.

Филипче би потпишал сè уште веднаш само за да добие барем малку внимание од меѓународните претставници и бугарските власти. Тој заборави на илјадниците луѓе кои во 2022 година протестираа против уставните измени и јасно кажаа не за уцените. СДСМ како власт ја блокираше преговарачката рамка и ја направи Македонија мета на секојдневни блокади од соседите. Филипче сака да го надмине Заев во предавствата но ќе заврши само како политичар кој ја згаснал сопствената партија засекогаш. Граѓаните добро знаат кој е Венко Филипче и трет пат ќе му го покажат патот кон политичката историја.

Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ШОКАНТНО ЕФЕКТИВНО: 20 минути на сонце наутро прават чуда за вашиот коефициент на интелигенција

ПАНИКА КАЈ ТЕНЕРИФЕ: Евакуација на „Хондиус“ поради вирусот што прескокнува од човек на човек