
Во јавноста дополнително внимание и револт предизвика податокот дека еден од главните осомничени со години користел значителни средства од земјоделските фондови. Според податоците од Агенцијата за плаќања во земјоделството, рибарството и руралниот развој во Хрватска, Стегњајиќ финансиската помош ја добивал во континуитет речиси една деценија.
Милионски суми од европските фондови
-
La Linea v9
699 ден
524.25 ден
Најголемиот дел од исплатените средства доаѓале директно од фондовите на Европската Унија. Од вкупната сума од речиси 221 илјада евра, распределбата е следна:
- 161.270 евра биле исплатени преку Европскиот фонд за гаранции во земјоделството.
- 57.340 евра легнале на неговата сметка преку Европскиот земјоделски фонд за рурален развој.
- 2.363 евра биле обезбедени од хрватските национални средства.
Стегњајиќ го наследил семејното земјоделско стопанство по смртта на својот татко, а денес на имотот во Доњи Биљани одгледува околу 250 овци. Апсурдот е уште поголем бидејќи државата претходно му ја обновила семејната куќа во рамките на програмата за повоена обнова.
Фатени по пријава на граѓани, можен е и тероризам
Стегњајиќ беше уапсен на 15 август заедно со Владимир Ќупиќ, уште еден маж и 33-годишна државјанка на Полска. Тие се сомничат дека на 14 и 15 август намерно предизвикале дури десет пожари на повеќе локации (Били Бриг, Земуник Доњи, Галовац, Шкабрња, Бенковац и други).
Полицијата ги лоцирала осомничените откако добила дојава од граѓани кои забележале лица како палат оган покрај патот во поширокото подрачје на Бенковац.
Четворицата во моментов се товарат за тешко кривично дело против општата безбедност и се наоѓаат во едномесечен притвор. Главниот државен обвинител на Хрватска, Иван Турудиќ, неодамна изјави дека истрагата интензивно се води и оти не е исклучена можноста делото подоцна да се преквалификува во тероризам.


