
50.000 луѓе уживаа во „The Monolith Stadium Show“
Пред импозантна публика од околу 50 илјади граѓани, францускиот диџеј го приреди својот познат сценски перформанс. Настапот „The Monolith Stadium Show“ беше вистинско аудио-визуелно доживување, придружено со врвни светлосни ефекти, пиротехника и впечатливи визуелни елементи кои ја осветлија скопската ноќ. За одличното загревање на атмосферата пред главниот настап се погрижија домашните артисти SEMPRE и DJ Nikifor, кои ја подготвија публиката за кулминацијата на вечерта.
„Концертот на Давид Гета претставуваше круна на државната прослава за Денот на независноста, која оваа година се одвиваше под препознатливото мото „Силно светнал ден“.“
Караван кој обедини светски ѕвезди и домашни артисти
-
Пулсот на пивото
699 ден
524.25 ден
Овогодинешниот јубилеј понуди несекојдневна културно-музичка програма. Прославата започна уште на 1 септември со ексклузивниот концерт на светски познатиот тенор Хосе Карерас, кој настапи заедно со македонски музички ѕвезди и Македонската филхармонија. Празничната еуфорија продолжи на 4 септември со мултимедијалниот сценски спектакл на кој учествуваа повеќе од 120 артисти.
Целокупниот караван „Силно светнал ден“ го започна своето патување од Охрид на 9 август и успешно посети 12 градови низ земјата, обединувајќи ги граѓаните преку настапите на познати македонски музички изведувачи и актери. Овој обемен проект донесе празнична атмосфера ширум целата држава, завршувајќи со светскиот настан во главниот град.


