во

Средба Мицкоски – Рокас: Премиерот задоволен од Извештајот на ЕК, амбасадорот потсетува дека уставните измени се неопходен услов

Премиерот Христијан Мицкоски изрази задоволство од новиот Извештај на Европската комисија, оценувајќи го како подобар од ланскиот, додека евроамбасадорот Михалис Рокас по средбата во Владата порача дека уставните измени остануваат клучна обврска за отворање на преговорите.

Мицкоски: Интеграциите не треба да се условуваат со билатерални спорови

Премиерот Христијан Мицкоски нагласи дека земјата останува целосно посветена на стратешката цел за членство во Европската Унија, но истакна дека европскиот пат не смее да биде предмет на наметнати билатерални спорови. Според него, претходната власт направила хендикеп кога прифатила такви критериуми во преговарачката рамка.

Супер Попуст -25%

И покрај признатите слабости во правосудството и борбата против корупцијата, Мицкоски нагласи дека генералната оценка за напредокот на земјата бележи подобрување во споредба со претходниот период.

Рокас: ЕУ е подготвена, но уставните измени се обврска што мора да се исполни

Од друга страна, амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас, истакна дека Северна Македонија е сигурен партнер кој целосно ја задржал усогласеноста со надворешната и безбедносна политика на ЕУ и активно работи на Планот за раст. Сепак, тој потсети на преземените обврски во врска со уставните измени.

Рокас апелираше до сите политички чинители во земјата да преземат активни чекори, нагласувајќи дека Брисел е подготвен веднаш да ги отвори преговорите штом уставните измени бидат усвоени, истовремено барајќи порешителни резултати во борбата против корупцијата и реформите во правосудството.

„Уставните измени договорени во 2022 година сè уште не се завршени. Ова се обврски преземени од земјата. ЕУ е подготвена да заврши со отворањето на преговорите во мигот кога ќе бидат донесени измените“, порача евроамбасадорот Михалис Рокас.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Лажна дојава за бомба во Европа: Пронајдена заканувачка порака во тоалет на авион на лет од Италија за Брисел

Москва демантира: Договорот за испорака на руски дизел за САД не е пропаднат, танкерите продолжуваат кон дестинацијата