
Двајца кандидати и жестока расправа за имотот
За прв човек на Собранието, пратеничката група „Студентска листа“ го предложи Александар Чупиќ, додека групата „Александар Вучиќ – Србија победува“ за свој кандидат го истакна Стојан Раденовиќ. Покрај „Студентска листа“, поддршка за Чупиќ најавија и претставниците на Сојузот на војвоѓанските Унгарци и Партијата за правда и помирување, оценувајќи дека тој може да воспостави култура на дијалог во законодавниот дом.
Вториот ден од седницата помина во знакот на меѓусебни обвинувања и процедурални забелешки. Пратениците од „Србија победува“ ја оспорија кандидатурата на Чупиќ, доведувајќи ги во прашање неговото академско звање, политичкото минато и потеклото на имотот, со прашања дали поседува седум станови и две гаражи и дали плаќа данок на приходите од нивно издавање. По седницата, Чупиќ порача дека согласно законот ќе поднесе имотен лист до Агенцијата за спречување на корупција, додавајќи дека е горд на сè што стекнал со сопствен труд. Со цел да се забрза изборот, пратениците од „Студентска листа“ се откажаа од најавените говори.
Новиот собраниски состав и рокот за формирање влада
Покрај изборот на претседател, на дневниот ред се наоѓаат и изборот на потпретседатели, именувањето генерален секретар, како и формирањето на собраниските работни тела и постојаните меѓународни делегации. Конститутивната седница започна во вторникот со верификација на мандатите на сите 250 пратеници.
Во новиот парламентарен состав се формирани две главни пратенички групи – „Студентска листа“, предводена од Јово Бакиќ, и „Александар Вучиќ – Србија победува“, чиј шеф е самиот Александар Вучиќ, покрај седумте пратеници од листите на националните малцинства. Со конституирањето на Собранието веќе почна да тече и уставниот рок од 90 дена за формирање нова влада на Србија.
„Согласно со законот, ќе поднесам извештај за својот имот до Агенцијата за спречување на корупција“, најави Александар Чупиќ по тензичната расправа, порачувајќи дека е горд на сè што стекнал со сопствен труд.
-
La Linea v5
699 ден
524.25 ден -
Кафе и пиво
699 ден
524.25 ден -
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден -
La Linea v2
699 ден
524.25 ден -
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден -
La Linea v3
699 ден
524.25 ден






