Лепа Брена и Мирослав Илиќ, две големи ѕвезди на балканската сцена, некогаш беа неразделни пријатели. Токму таков момент е овековечен на ретка фотографија стара повеќе од 20 години, која деновиве предизвика голем интерес.
На фотографијата, која носи носталгична енергија, Брена и Илиќ се насмеани и видно блиски. Тие некогаш биле толку блиски што заедно ги поминувале турнеите, ноќите и успесите, потврдуваат и спомени на нивните обожаватели. Сепак, приказната за нивното пријателство има неочекуван и тажен пресврт.
Зошто пукна пријателството?
Според пишувањата на медиумите, нивното пријателство завршило ненадејно во доцните 90-ти години. Причината, наводно, било несогласување околу одлуката на Брена и нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ да заминат со своите деца во САД за време на бомбардирањата во Србија во 1999 година.
– „Две недели откако започнаа нападите, Брена и Боба се договорија дека за децата е најдобро да заминат. Тогаш отпатуваа во Америка. Тоа беше логична и човечка одлука,“ изјавил близок извор.
Сепак, Мирослав Илиќ наводно ја осудил оваа одлука, што го нарушило нивното долгогодишно пријателство.
Дали ќе се обнови некогаш старата врска?
И покрај годините поминати од нивната разделба, досега нема информации дали Брена и Илиќ се обиделе да го обноват својот однос. За јавноста, нивната врска останува симбол на времиња кога музиката ги обединуваше најголемите имиња на сцената.
Фотографијата која го врати вниманието кон ова некогашно пријателство можете да ја погледнете овде.
View this post on Instagram