во ,

Стареењето не е рамномерно: Научниците открија во која година телото нагло „попушта“

Научниците го открија точниот момент кога стареењето нагло забрзува: Ова е критичната година за вашето тело

Иако многумина веруваат дека стареењето е постепен и рамномерен процес, новата студија покажува дека постои јасна старосна граница кога отпорноста на организмот нагло слабее. Преку анализа на здравствената состојба и способноста за опоравување кај голем број луѓе, научниците преку математички модели идентификуваа дека тој биолошки пресврт се случува во периодот меѓу 73. и 76. година од животот. Ова важи подеднакво и за мажите и за жените и претставува влез во фаза на „зголемена ранливост“.

Зошто токму 75-тата година е пресвртница?

Супер Попуст -25%

Во оваа фаза, телото ја губи рамнотежата – брзината со која се појавуваат нови здравствени проблеми станува поголема од брзината на опоравување. Тоа значи дека секоја инфекција, пад или стрес оставаат многу подлабока трага и ризикот од компликации драстично расте. Сепак, експертите нагласуваат дека ова не е пресуда, туку сигнал. Клучот е во создавање „здравствена резерва“ пред да се влезе во оваа критична зона – преку правилна исхрана, физичка активност, контрола на хроничните болести и социјална поддршка, со цел да се зачува самостојноста што е можно подолго.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оган под Кале: Гореше куќа до црквата „Свети Спас“, пламенот избиваше од покривот!

Евросонг во слободен пад: Ирска, Холандија, Шпанија и Словенија прогласија бојкот поради Израел!