
Најмалку 22 лица се повредени во експлозија што се случила во индустриската зона на градот Езеиза, јужно предградие на Буенос Аирес, и предизвикала голем пожар, соопштија денеска властите.
Градоначалникот на Езеиза, Гастон Гранадос, изјави дека „експлозиите и пожарот што непрестајно горат во разни објекти се ужасни“, пренесува „Фигаро“. Причината за експлозијата сè уште не е позната, а пожарникарите сè уште не успеваат да го стават пожарот под контрола.
Повеќе од само пожар – бремена жена на интензивна нега
-
Пулсот на пивото
699 ден
524.25 ден
Директорот на локалната клиника, Карлос Санторо, изјави дека во болницата се примени 22 повредени лица. Тој прецизираше дека едно лице се лекува од срцев удар, а една бремена жена е на интензивна нега поради труење.
Локалните медиуми наведуваат дека се погодени најмалку пет објекти во индустриската зона, која се наоѓа во близина на меѓународниот аеродром Езеиза. Директорот на цивилната заштита изјави дека во загрозената зона има компании со големи количини гуми, хемиски погони и складиште на компанијата „Iron Mountain“, оценувајќи дека станува збор за „многу сложен“ пожар.


