
Марш низ Тирана под силно полициско обезбедување
Протестната поворка започна пред Министерството за образование, по што демонстрантите се упатија кон булеварот „Хероите на нацијата“, во непосредна близина на зградата на Владата. Иако протестот во најголем дел помина мирно и без судири, на терен беа распоредени зголемени полициски сили, како и водени топови.
Учесниците се движеа по улиците „Мине Пеза“, „Каваја“ и „Мислим Шири“, кратко застанаа пред полициска станица, а подоцна привремено го блокираа сообраќајот на улицата „Драч“, каде полицијата формираше кордон за да спречи подолготрајна блокада. За време на демонстрациите беше запален и оган.

Барања за оставка и покрај повиците за дијалог
Демонстрантите порачаа дека нема да се откажат од своите барања, инсистирајќи на подобри услови за живот и повеќе можности за младите да ја градат својата иднина во Албанија. Тие децидно истакнаа дека оставката на премиерот Еди Рама не е предмет на преговори.
Протестите продолжуваат и покрај обидите на Рама за смирување на тензиите. Албанскиот премиер неодамна разговараше со дел од младите и порача дека е подготвен за дијалог со студентите, но не и со оние кои за време на собирите користат насилни методи, како фрлање камења.
Демонстрантите порачаа дека нема да се откажат од своите барања и истакнаа дека оставката на премиерот Еди Рама не е прашање за преговори, барајќи подобри услови за живот и иднина за младите во Албанија.
-
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден -
Кафе и пиво
699 ден
524.25 ден -
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден -
La Linea v8
699 ден
524.25 ден -
Верувај во себе
699 ден
524.25 ден -
La Linea v3
699 ден
524.25 ден







