
Естонија најави дека од 1 декември ќе ја затвори границата со Русија, како директен одговор на зголемените безбедносни закани, саботажите и хибридните напади насочени кон европските држави. Одлуката ја соопшти естонскиот министер за надворешни работи, Маргус Цахкна, за време на официјалната посета на Азербејџан, каде што присуствуваше на свеченото отворање на новата естонска амбасада во Баку.
Шефот на естонската дипломатија посочи дека властите во Талин не се задоволни што мора да преземат ваков чекор, но децидно нагласи дека заштитата на националната територија и зајакнувањето на европската безбедност се врвен приоритет. Естонија, која има директна копнена граница со Русија, ја образложува одлуката со зголемените безбедносни ризици и зачестените саботажи и хибридни напади врз европската инфраструктура, за кои естонските власти ја обвинуваат Москва.
Дипломатско и економско проширување на Естонија во Јужен Кавказ
Паралелно со заострувањето на безбедносните мерки на источната граница, Естонија го проширува своето дипломатско и економско присуство во регионот на Јужен Кавказ. По отворањето на амбасадата во Ерменија претходно годинава, со воспоставувањето дипломатска мисија во Баку, Талин ја продолжува стратегијата за долгорочно присуство во овој регион, при што Цахкна оцени дека мировниот процес и нормализацијата на односите меѓу Азербејџан и Ерменија создаваат нови можности за регионална соработка и развој.
За време на посетата, естонскиот министер оствари средби со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и министерот за надворешни работи Џејхун Бајрамов, при што ја изрази поддршката на Естонија за процесот на визна либерализација меѓу Азербејџан и Европската унија. Во фокусот на билатералните разговори биле и енергетската безбедност, развојот на Средниот транспортен коридор што ги поврзува Азија и Европа, дигитализацијата и примената на вештачката интелигенција, а двете земји планираат и продлабочување на соработката меѓу јавните институции и приватните компании, како и зајакнување на врските во областа на туризмот и студентската размена.
Пораки за поддршка на Украина по ракетните напади врз Киев
Цахкна во Баку пристигнал директно од Киев, каде што, според неговото сведоштво, украинскиот главен град претходната ноќ бил изложен на силни напади со балистички ракети. Тој нагласи дека безбедносните предизвици во различни делови од светот се меѓусебно поврзани, истакнувајќи ја важноста на континуираната меѓународна поддршка за Украина во пресрет на зимскиот период.
Естонија следната година ќе биде кодомаќин на Конференцијата за обнова на Украина, а Цахкна во Баку изрази благодарност за досегашната хуманитарна помош што Азербејџан ѝ ја обезбедил на Украина. Вредноста на оваа поддршка надминува 50 милиони долари и опфаќа испорака на храна, лекови и бесплатно гориво за возилата на итните служби преку бензинските станици на азербејџанската државна нафтена компанија СОКАР.
-
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден -
Време за пиво
699 ден
524.25 ден -
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден -
La Linea v3
699 ден
524.25 ден -
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден -
Те сакам како пивото
699 ден
524.25 ден







