во

ТАЈНА МИСИЈА ВО МОСКВА: Откриено зошто директорот на ЦИА, Џон Ратклиф, ненадејно го посети Кремљ!

Ненадејната и тајна посета на директорот на ЦИА, Џон Ратклиф, на Москва предизвика глобален интерес, откако угледните медиуми „Волстрит журнал“ и „Политико“ ги објавија деталите од зад затворените врати.

Според западните извори, Ратклиф за време на разговорите меѓу безбедносните служби директно ја предупредил Русија да не ги напаѓа сојузниците на НАТО, особено во балтичкиот регион, и повикал на намалување на руската воена поддршка за Иран. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, потврди дека посетата се случила, но нагласи дека рускиот претседател Владимир Путин не се сретнал со американскиот функционер.

Историски контекст и претходни мисии

Супер Попуст -25%

Ова е прва позната посета на Ратклиф во руската престолнина во улога на прв човек на ЦИА. Слична висока разузнавачка мисија се случи во 2021 година, кога тогашниот директор Вилијам Барнс отпатува во Москва во обид да спречи ескалација пред почетокот на војната во Украина.

„Американската страна испрати јасна порака против потенцијалното ширење на конфликтот и ескалацијата која би ги вклучила источноевропските членки на НАТО.“

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

УТРИНСКИ БИЛТЕН ОД ЦУК: Четири активни пожари, три под контрола и дури 24 успешно изгаснати ширум земјата!

НОВИ РЕСТРИКЦИИ ВО НОРВЕШКА: Се најавуваат построги правила за паметните очила поради загрозување на приватноста!